Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На фудбалските терени во националните дресови се враќаат Кристијано Роналдо и Лео Меси, а на терените исто така ќе бидат и актуелните прваци на светото Французите, како и Англичаните…
Ако тргнеме со ред, најпрво не чека квалификациски натпревар за ЕУРО помеѓу Бугарија и Црна Гора. Таа средба е од 18.00 часот, додека сите други се од 20.45.
Англичаните ги очекува средба со Чешка, додека Французите во ист термин гостуваат кај Молдавија. Занимливо ќе биде на средбата Португалија – Украина во која се враќа Роналдо во репрезентацијата.
Кога се во прашање пријателските натпревари, на распоред се три меча и тоа Јапонија – Колумбија, Јужна Кореја – Боливија и Аргентина – Венецуела. Секако дека последната ќе биде најзанимлива со оглед на тоа што во дресот на Гаучосите се враќа Лео Меси.