Кој го стопираше враќањето на Евра во Јунајтед?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Патрик Евра, сега веќе нов играч на Олимпик Марсеј потврди дека бил близу до враќање на Олд Трафорд.

„Бев близу до враќање во Јунајтед. Зборував лично со Мурињо, но се појави една личност чие име не сакам да го именувам, на која не и се допаѓаше мојата одлука за заминување во Манчестер. Навивачите беа возбудени бидејќи се враќам но кога детално ја преиспитав ситуацијата во клубот му реков на мојот менаџер да бара друг клуб. Марсеј ме освои со својот проект и за еден ден се договоривме“ – изјави Евра.

Французинот оваа зима потпиша за Олимпик Марсеј после 2 ипол поминати години во екипата на Јувентус.