Кој е фудбалерот кој го шармираше целиот свет со својата претстава против Реал?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Реал Мадрид дури после продолженија во финалето на Светското клупско првенство го совлада јапонскиот Кашима.

Кралевите имаа и голема помош од зимбаскиот судија, а за што се води и голема дискусија во фудбалските кругови.

Кристијано Роналдо постигна хет-трик, но светот го воодушеви Гаку Шибасаки.

24-годишниот сигурно го одигра натпреварот на животот во дресот на Кашима Антлерс.

Крилниот напаѓач на јапонската екипа ги постигна двата гола за својот тим и тоа многу убави.

 

На негова жалост тоа не беше доволно да се приреди сензација, а светот во чудо се прашуваше кој е всушност Гаку?

Имено, се работи за офанзивец кој целата своја досегашна кариера ја помина во Кашима, а сигурно дека веќе од денес ќе започне голема трка за неговиот потпис.

Инаку, уште од 2012 година е прогласен за најдобар млад играч, а во минатата година е избран во најдобрата екипа на јапонското првенство.

Вредноста на Шибасаки е проценета на многу скромни два милиони евра на Трансфермаркт.