Крај на сагата за Димитри Паје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сагата околу трансферот на францускиот фудбалер Димитри Паје денеска конечно може да биде готова.

Како што наведуваат француските медиуми, Вест Хем и Марсеј се договорија за трансфер на 29-годишниот фудбалер кој веќе денеска може да стане нов член на тимот од Велодром.

Чеканите за услугите на овој фудбалер ќе инкасира 30 милиони евра, и на него ќе заработат 15 милиони евра колку што е платен пред година кога стигна од Марсеј.

Договор со Паје, според наводите на француските медиуми, Марсеј треба да потпише до крајот на денот.

Да потсетиме, Пеје предизвика огромен бес на навивачите и ракодството на лондонскиот тим после одбивањето да настапува за Вест Хем, и побара трансфер.

Имаше овој одличен фудбалер неколку врвни понуди, но поради фамилијата се одлучи да се врати во Марсеј.

Со договор францускиот клуб е врзан за Чеканите до 2021 година, а во оваа сезона одигра 22 натпревари и постигна три голоа со осум асистенции.