Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот суд го осуди Роналдо на 23 месеци затвор поради затајување на данок, но португалскиот играч нема да мора да оди во затвор, бидејќи се договорил да плати жестока парична казна. Судот дозволува Роналдо да не оди во затвор бидејќи се работи за случај во кој нема насилство.
Така Роналдо двегодишната затворска казна ќе ја одработи условно, но ќе мора да плати 18.8 милиони евра како надокнада за данокот. Судењето конечно заврши, а ова сигурно најмногу го радува Роналдо кој веќе нема да мора да оди во Мадрид.
Роналдо дури пробал да присуствува на судењето преку видео линк, но судијата тоа го одбил, па Роналдо морал лично да се појави на судењето. Португалецот е крив за затајување на данок во периодот од 2011. до 2014. година додека беше член на Реал Мадрид.