Куп на Франција –„Дупла круна“ за Пари Сен Жермен, неверојатниот Максвел стана најтрофеен било кога!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Анже во финалето на францускиот куп.

Избраниците на Унаи Емери го освоија вториот трофеј во оваа сезона, бидејќи после Лига Купот, стигнаа до трофеј и во Купот на Франција.

Во големото финале го совладаа Анже и тоа со гол во последните секунди од натпреварот. Крајниот резултат беш 1:0 (0:0) во корист на Светците.

Првото полувреме не беше поготово интересно, најдобрата шанса ја имаше Анже во 28 минута преку Пепе. Тој одлично шутираше од релативна голема оддалеченост, топката силно одеше кон голот, но ја погоди стативата.

Ни во второто полувреме не е виден премногу убав фудбал, Анже дојде да го сочува својот гол и од контри евентуално да го загрози противникот и тоа им успеваше.

Сепак, Ди Марија имаше шанса за нивните планови да ги фрли во ова во 59 минута, одлично изведе слободен, но топката помина покрај десната статива.

ПСЖ пробуваше, но голманот на Анже Летеље одработуваше одлична работа. Се играше 85 минута кога Кавани проба да го изненади со еден удар, но на негова среќа топката одие покрај стативата.

Кога се чинеше дека во 90 минути нема да видиме гол, веќе дека победникот ќе го добиеме преку продолженија или пенал лотарија, после еден центаршут ПСЖ доби корнер.

Ди Марија го изведе од аголот, а фудбалерот на Анже Сисоко во желба да ја исфрли топката од првата статива, несреќно го матираше својот голман. Се играше првата минуда од судиското продолжение.

Анже немаше сила да се врати, наскоро судијата свирна и крај, и ПСЖ го освои и вториот трофеј во оваа сезона. Сите 90 минути во составот на Светците ги одигра и Бразилецот Максвел, тоа беше и негово простување од дресот на ПСЖ бидејќи го напушта клубот на крајот на сезоната, а се прости на најдобар можен начин, со освојување на трофеј.Тоа е дури 37 трофеј во кариерата на искусниот Бразилец, и така стана најтрофеен играч во Европа.