Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Воочи полуфиналните натпревари Кирил Лазаров останува лидер на листата на стрелци на Светското првенство, се намалува бројот на играчи кои можат да го стигнат.
Кирил Лазаров настапот во Франција го заврши со 50 постигнати голови, бројка која засега е недостижна за другите ракометари.
Од ракометарите кои се уште настапуваат на Мундијалот, најблиску до Лазаров се Норвежаните, Кристијан Бјорнсен и Сандер Сагосен кои имаат по 36 погодоци, потоа е Циндриќ со 32.
На Норвешка и остануваат уште два меча до крајот на Светското првенство па се надеваме дека конкурентите на Лазаров ќе немаат просек од по седум голови на овие натпревари.