Лалана е најдобар играч на Ливерпул во декември

Адам Лалана беше прогласен за најдобар фудбалер на Ливерпул во декември по неколку одлични игри во серија.

Лалана оваа сезона конечно се прилагоди во Ливерпул и го покажа својот талент.

Лалана во декември одигра 6 натпревари за Ливерпул и постигна 4 голови и 2 асистенции.

Вкупно оваа сезона во ПЛ има одиграно 18 натпревари и постигнато 7 голови и 7 асистенции.

Во Ливерпул стигна во 2014 година од Саутемптон за 31 милион евра.