Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски имал намера да го напушти Баерн Минхен.
Одличниот 30-годишен напаѓач преку агентот Пини Захави на крајот на мај соопштил на управата дека има намера да замине, но на крајот тој и понатаму остана во баварскиот гигант.
„Во април и мај речиси сите ме критикуваа мене и не се чувствував заштитен од страна на клубот. Се чувствав осамено и не сакав да бидам повеќе дел од екипата. Критиките на медиумите беа големи, а никој од управата не застана во моја одбрана. За мене тоа беше знак дека постои проблем“, кажа Левандовски.
На крајот решил да остане и тоа по разговорот со новиот тренер Нико Ковач, кој му го објаснил новиот систем на работа на екипата.