Легендарниот англиски интернационалец и стави крај на својата кариера: Останува запаметен по брилијантните партии во Челси и Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот фудбалер на Челси и Ливерпул, Џо Кол одлучи да ја заврши својата играчка кариера.

Иако љубителите на фудбалот многу добро знаат кој е тој, впечатокот е дека од својот талент можел да направи далеку поголема кариера иако играше за клубови како што се Челси и Ливерпул, и трипати имаше можност да ја освои Премиер лигата.

Ќе остане запаметен пред се по фантастичните игри во дресот на Челси, со оглед на тоа што своевремено беше сигурно еден од најдобрите крилни играчи на светот, а покрај тоа во тоа време беше многу млад и на самиот почеток на кариерата.

Во Челси мина дури седум години, а подоцна играше уште за Ливерпул, Лил, Вест Хем, Астон Вила, Ковентри и ТБ Роудајс.

Во дресот на репрезентацијата на Англија одигра 56 натпревари и постигна вкупно 10 погодоци.