Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Понудите за Калиниќ и Брозовиќ? Сигурно не им е лесно бидејќи во прашање се пари кои на секој можат да му го сомелат паметот. Кога ќе стигне таква понуда фудбалерот е тој кој знае какви му се приоритетите.“
Европската фудбалска сцена е во страв од кинеските богаташи. Од ден во ден се реализираат астрономски трансфери. Повеќе во Кина не одат фудбалери кои се на крајот на кариерата туку и млади ѕвезди. Еден од оние што се пожали на таа ситуација е и тренерот на Челси, Антонио Конте кој остана без двајца фудбалери – Оскар и Микел.
„Мило ми е од една страна што кинезите се појавија сега најголемите европски клубови имаат страв. Имаат и зошто да стравуваат бидејќи се појавија побогати од нив. Читам како Антонио Конте плаче дека кинезите не е нормално ова што го прават. Чекај малку, а не се појавуваше кога како тренер на Јувентус или сега на Челси ги земаше фудбалерите на помалите клубови. Кога Јувентус ги земаше тогаш тоа е нормално, но сега кинезите сега кога ги фрлија парите на маса, тоа не е нормално“, изјави Марио Станиќ.
И хрватите се на мета на кинеските богаташи. Актуелната е понудата на Калиниќ, а порано се зборуваше и за заминување на Брозовиќ.
„Сигурно не им е лесно бидејќи во прашање се пари кои можат на секој да му го сомелат паметот. Никој нема право да ги напаѓа фудбалерите кои ќе одлучат да заминат во Кина. Тоа би било ненормално и лицемерно. Кога ќе стигне таква понуда фудбалерот е тој кој знае какви му се приоритетите. Прашање е што сака од фудбалот и животот, што има поминато, колку заработи, каква му е перспективата, дали му е страв од повреди во главата.“