Легендата на НБА се пензионира? (ВИДЕО)


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Крилниот центар на Минесота, Кевин Гарнет е во преговори со управата за откуп на последната година од својот договор.

    Според медиумите, 40-годишниот кошаркар сака да го откупи договорот и да ја заврши кариерата, и покрај фактот дека наредната сезона би била негова 22-ра во НБА лигата, а тоа досега на никој во историјата не му успеало.

    Доколку Гарнет, сепак, го облече дресот на „волците“ во сезоната 2016/17, ќе заработи 8 милиони долари.

    „Не сум разговарал со Гарнет“, изјави сопственикот на Минесота.

    „Потребно е да се одличо дали сака да игра или не. Му испратив порака: Сакам да знам каква е твојата одлука. Но сеуште не добив одговор.“

    Легендарниот играч во мај наполни 40 години, а уште од 1995 година беше 5-ти пик во тимот на Минеаполис на НБА драфтот. Во првиот мандат беше член на Минесота до 2007, а потоа 7 сезони помина во Бостон, со кој во 2008 ја освои титулата, па сезона и пол во Бруклин и на крајот во февруари 2015-та година се врати во Минесота.

    НБА лигата од наредната сезона ќе биде „посиромашна“ и поради повлекувањето на Брајант и Данкан.