Лапорта горд: Барселона склучи нов договор со врвен играч


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Барселона, актуелниот шпански шампион, го продолжи договорот со холандскиот фудбалер Френки де Јонг. Новото спогодување ќе важи до 2029 година.

Со ова, еден од најважните играчи на тимот од „Камп Ноу“ ја заврши неизвесноста околу својата кариера и стави крај на сите шпекулации за неговата иднина.

„Никогаш не размислував да си заминам. Од детството сонував да играм за Барселона – живеам сон што сакам да трае уште долги години“, изјави Де Јонг по договорот.