Легенда на Ливерпул им порача на фудбалерите: Земете си лекови и опуштете се!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер смета дека нема причина за паника на „Енфилд“ и покрај поразот од Манчестер сити со 1-2.

Ливерпул го запиша првиот пораз сезонава во Премиерлигата, откако вчера на „Итихад“ не успеаа да извлечат барем бод, па во моментов имаат четири бода повеќе од бранителот на титулата.

„Пред натпреварот се зборуваше дека Ливерпул може да има и 10 бодови повеќе во однос на Сити. Во наредните денови ќе се пишува како тимот на Пеп Гвардиола е повторно во борба за титулата и дека е фаворит. Меѓутоа, фудбалерите на Ливерпул треба да си земат лекови и да се опуштат. Следува меч против Брајтон и тоа е најважно. Тимот и понатаму е во одлична позиција“, кажа Карагер.

Пред дуелот со Брајтон во првенството на 12 јануари, Ливерпул на седми јануари игра против Вулверхемптон во ФА-купот.