Легенда на Реал Мадрид ќе го спасува Спортинг Лисабон!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго се кандидираше за претседател на Спортинг Лисабон.

Изборите се закажани за осми септември, а кампањата за тоа кој ќе стане нов претседател веќе некое време траат.

Фиго околу себе собра група на луѓе кои ќе го поддржат да го наследи контроверзниот Бруно Де Карваљо.

Карваљо замина од претседателското место, откако му беше изгласана недоверба. Жртва на целата ситуација беше српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој доби отказ по само девет дена.

Спортинг веќе некое време е во хаос, а неодамна хулигани ги нападнаа играчите, по што голем број од нив го раскинаа договорот со клубот.