Ливерпул ја следи ситуацијата на „Камп ноу“, Барселона го брка огромното „засилување“!?


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Барселона не е задоволна од настапите на Осман Дембеле и наводно управата му соопштила дека може да почне да си бара нов клуб.

Шпанскиот гигант повеќе нема да смета сериозно на 21-годишниот Французин, кој пристигна минатата година за 115 милиони евра како големо засилување.

Наводно, агентот на Дембеле веќе разговарал со неколку клубови, а еден од нив е англискиот гигант Ливерпул, кој сезонава се бори за титулата во Премиерлигата.

Ливерпул сака да му даде шанса на Дембеле, а тренерот Јирген Клоп бил задоволен од квалитетите на младиот фудбалер.