Ливерпул ќе носи легенда на Реал Мадрид

Шпанскиот весник „Спорт“ пишува дека од редовите на Ливерпул ова лето со сите сили ќе тргнат по услугите на легендарниот голман, Икер Касиљас.

На Шпанецот му завршува договорот со Порто и тој веројатно нема да биде продолжен, па на „Енфилд“ би се преселил како слободен агент.

Јирген Клоп е во потрага по голман откако не е задоволен со учинокот на своите двајца голмани Лорис Кариус и Симон Мињоле кои не ја оправдуваат неговата доверба.

За Касиљас постои интерес и од тимови од МЛС Лигата и од Кина, но се верува дека ветеранот ќе ја избере понудата на Ливерпул иако таа ќе биде значително пониска од другите.