Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се чини дека ЛШ никогаш не била посилна, а во групната фаза ќе учествуваат скоро сите европски великани. Од најголемите имиња нема да видиме тимови како Арсенал, Милан или Челси, но во нивните лиги моментално има и посилни екипи, па слободно можеме да кажеме дека заслужено не се тука.
После долго време во ЛШ се вражаат тимови како Ајакс, ПСВ, Валенсија или Интер, а токму навивачите на Интер можат да бидат најмалку среќни после ждребот.
Имено,, нивниот тим е во четвртиот шешир заедно со екипите на Викторија Плзен, Клуб Бриж, Галатасарај, Јонг Бојс, Хофенхаим, Аек и Црвена Ѕвезда, па може да се очекуваат само најтешките можни ривали.
Италијанските медиуми иткрија дека Интер во најлошо сценарио според нив би можел да заврши во групата на смртта со Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Ливерпул. Оваа рупа би можела да биде најлоша за Интер, но најдобра за неутралните љубители на фудбалот, бидејќи би гледале одличен фудбал во секое коло.
Како и да биде, останува да го сочекаме ждребот и да видиме што ќе се случи.