Магваер: Манчестер Јунајтед проба да ме купи, но ја почитувам одлуката на Лестер


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Магуире минатото минатото лето од Хул дојде во Лестер и изминатата сезона беше  брилијантен, а потоа добра форма покажа и на Светското каде со Англија играше во полуфиналето.

Толку добро играше, што Мурињо проба да го купи, што и сам призна.

„Очигледно имаше интерес, веројатно и самите видовте. Сопствениците разговараа со мене и тие повторија дека не ме продаваат за било какви пари“, рече Магуире и додаде:

„Ја почитувам нивната одлука, ми дадоа прилика да дојдам во Лестер и да играм во овој клуб. Фокусиран сум на игрите и шпекулациите не ме занимаат“.