Макси Лопез не сакаше да премолчи на обвинувањата на Ванда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Макси Лопез не зборува често за Мауро Икарди, но денеска се одлучи да се огласи.

Познато вие веројатно дека напаѓачот на Интер Мауро Икарди ја украде сопругата на својот некогашен пријател Макси Лопез.

Ванда Нара поради Икарди го остави Лопез и го уништи нивното пријателство, но некако од тогаш на Икарди му е судено да не игра за репрезентацијата на Аргентина и многумина сметаат, па и Ванда, дека тоа е причина што Лопез е добар со Меси и Маскерано, „шефовите“ во националниот тим.

„Постојат причини зошто Икарди не го викаат во репрезентацијата“, рече Лопезм па продолжи:

„Кога ќе погрешите надвор од теренот, тогаш морате да плаќате на некој начин. Исто и во животот. Би сакал со нив да разговарам, но никогаш не ми е дозволено“.

Дали е Лопез навистина виновен поради што Икарди не игра, тоа веројатно го знаат малкумина, а на нас останува и понатака да ја следиме ситуацијата поврзана за љубовниот пар Икарди – Нара и  измамениот Лопез.