Манчестер бил осуден на пораз во Лондон: Мурињо направи неколку големи грешки!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер јунајтед беа поразени на гостувањето кај Вест хем со 3-1 во рамки на седмото коло во англиската Премиерлига.

„Црвените ѓаволи“ уште еднаш сезонава ги разочараа навивачите, а на вчерашниот дуел јасно се виде дека нешто не функционира во тимот. Неделата беше резервирана за караницата помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба, а лошата атмосфера во екипата беше забележана и на теренот.

Мурињо има проблеми против неколку фудбалери, членови на управата и навивачите. Португалецот по долго време од првата минута го пушти Ентони Марсијал, а по дуелот кажа дека тоа го направил затоа што навивачите биле досадни.

Но, и покрај тоа што го пушти Марсијал во првиот тим по неколку месеци, Мурињо направи уште неколку важни грешки. Тактиката и формацијата беа големо промашување, а со Маруан Фелаини и Немања Матиќ од првата минута едноставно не функционираше.

Исто така, не може да се занемари чудната одлука да го остави Алексис Санчез на трибините. Мурињо го повика Санчез во Лондон, а еден час пред натпреварот му кажал дека воопшто не е во конкурнеција.

Сега како замена за Португалецот се споменува Зинедин Зидан, кој е во Лондон и учи англиски јазик, па наскоро би можел да ги преземе „црвените ѓаволи“.