Манчестер Јунајтед повторно доведува еден од најдобрите играчи на Арсенал?!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Како што пренесува Калчомеркато Мурињо во своите редови сака да фудбалер, кој го смета за најдобар во својата работа.

Соевремено Робин Ван Перси „заби нож во грбот“ на навивачите на Арсенал, кога Емирати го замени со Олд Трафорд.

Таа одлука за него беше на место, кога со Јунајтед успеа да ја освои Премиер лигата, а сега може да се случи по неговите чекори да појде уште еден фудбалер на Топџиите.

Имено, Мурињо е заинтересиран да ја обнови соработката со „десетката“ на Арсенал Месут Озил.

Германскиот репрезентативец игра непрепознатливо лошо во оваа сезона, во последно време често натпреварите ги почнува и од клупата за резервни играчи, а покрај се заедно со Алексис со една од главните теми на Емирати, бидејќи на двајцата истекува договорот со клубот во 2018 година.

Се повеќе делува дека двајцата нема да продолжат, Арсенал е во голема резултатска криза, остануваат во конкуренција за трофеј само во ФА Куп,  бидејќи освојувањето на Премиер лигата за нив сега е само во доменот на научна фантастика.

Прашање е дали ќе успеат да се изборат и за месот кое води во ЛШ, што секако ќе биде голем пораз за реномиран клуб од англиската претстолнина.

Мурињо сака да ја искористи целата ситуација, и Озил да го пресели на Олд Трафорд, бидејќи смета дека репрезентативецот на Германија е најдобра “десетка“’ на светот.

Соевремено токму Португалецот од Вердер Бремен го пресели во мадридски Реал, во еден од подобрите трансфери во последните 10тина години, бидејќи за неговите услуги плати „само“ 15 милиони евра.

Сега и покрај фактот дека му истекува договорот со Гунерите ќе мора длабоко да ја стави раката во џеб, но нема сомнеж дека соработката со Посебниот може Озил да го врати на вистински пат и на Манчестер да донесе многу.

Сепак, конкуренција ќе има во минхенски Баерн, кој по многумина е фаворит за потпис со момчето кој е продукт на школата на германски Шалке, доколку Озил се реши да го напушти Емирати.

Во секој случај не чека возбудлив преоден рок, а Месут Озил пополека расте во ѕвезда на преодниот трансфер период.