Манчестер Јунајтед ќе ја засилува одбраната со играч на Лестер

Како што пишува Сандеј Мирор од редовите на Манчестер Јунајтед се распрашувале за одличниот одбранбен играч на Лестер, Хари Мегвајр.

25 годишниот фудбалер пристигна на „Кинг Пауер“ оваа сезона и со одличните игри во дресот на Лестер си обезбеди место во репрезентацијата на Англија и веројатно ќе биде повикан и за претстојниот Мундијал во Русија.

Мегвајр е под договор со „лисиците“ до 2022 година и доколку Манчестер Јунајтед ги посакува неговите услуги сигурно ќе треба да плати значителна оштета на Лестер.