Манчини не сака да го наследи Раниери!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува влијателниот Скај Спорт поранешниот тренер на Манчестер Сити, и покрај тоа што нема ангажман, нема намера да седне на клупата на Лестер Сити.

Синоќа е обелоденето дека Клаудио Раниери повеќе не е тренер на Лестер, лошите резултати во Премиер лигата го чинеа најдобриот тренер во изборот на ФИФА За 2016 година работа на Кинг Пауер.

Веќе почна сериозно да се шпекулира со имиња на тренери кои може да го наследат Раниери, а најголеми шанси во старт се даваат на Роберто Манчини.

Поранешниот стратег на Интер и Манчестер Сити соевремено и настапуваше за Лестер, моментално нема ангажман, и некако се укажуваше дека ќе го наследи својот сонародник на клупата на Лисиците.

Тоа сепак нема да се случи, бидејќи Манчини наводно нема никаква желба за воопшто да преговара со управата на актуелниот шампион на Англија!

Манчини порано денеска се огласи и на Твитер, каде што објави дека му е жал поради неговиот пријател Раниери, и можеби од почит кон својот пријател не сака да биде негов наследник.