Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентина денеска остана во шок после што ФИФА одлучи жестоко да го казни Лионел Меси поради навреда на судија.
Меси беше јунак на Аргентина над Чиле, но после мечот го навредуваше помошникот судија бидеќи беше незадоволен од неговите одлуки.
ФИФА поткрена истрага против капитенот на Гаучосите, и денеска соопшти дека Меси е суспендиран на дури четири натпревари.
Овој потег ја шокира аргентинската јавноста која не можеше да верува дека Меси поради ова е жестоко казнет.
Сепак, тоа не беше единствен шок за нив бидејќи се појави приказна дека легендарниот Диего Армандо Марадона е главен виновник за оваа суспензија.
„Разговарав со една личност која работи за ФИФА и таа ми потврди дека Марадона побарал од челниците на оваа организација да го казнат Меси“, напиша на Твитер аргентинскиот новинар Гонза Ступененго.