Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, реши да си ја поправи големата грешка, која ја направи летоска кога не ангажираше замена по заминувањето на Кристијано Роналдо.
Наводно, Реал Мадрид за јануарскиот преоден рок има подготвено дури 200 милиони евра, па ќе се обидат да ангажираат две ѕвезди со тие пари, а веќе договорен бил и Марио Хермосо од Еспањол.
„Кралевите“ нема повеќе да ангажираат фудбалери како Родриго од Сантос или Паласиос од Ривер плејт, туку ќе се обидат да ангажираат ѕвезда, која ќе донесе веднаш резултати.
„Марка“ пишува дека Перез ќе се обиде да го ангажира Мауро Икарди, капитенот на Интер, кој веќе неколку пати кажа дека не сака да го напушти Милано.
Се споменува и уште една ѕвезда во шпанските медиуми, чие име не се објавува во јавност.