Марковиќ од првата минута на „Аноета“, Итало ќе го напаѓа Сосиедад


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Вардарци, Чедомир Јаневски ги одбра стартните 11 за дуелот со Реал Сосиедад во рамките од 4. коло во Лигата на Европа.

На „Аноета“ од првата минута ќе истрчаат Филип Гачевски на голот, во одбраната ќе бидат Хофханес Хамбардзумјан, Бобан Грнчаров, Евгениј Новак, Дарко Глишиќ. Средниот ред ќе го контролираат Марковиќ и Николов, додека напаѓачкото трио зад Итало ќе го сочинуваат Барсегјан, Фелипе и Џигаури.