Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Некогашниот возач на Формула 1, Фелипе Маса, истакна за италијанските медиуми дека ги поддржува неодамнешните смени во екипата на Ферари.
Маса беше долгогодишен возач на италијанската екипа на која не и оди најдобро во последно време. Ферари се наоѓа во сенка на Мерцедес кој доминира веќе неколку сезони, и ќе биде многу тешко да се надмине во новата сезона.
Ферари неодамна направи неколку промени откако Матиа Биното го замени Маурицио Аривабене на чело на екипата. Легендарниот Бразилец верува дека тоа ќе биде напредок за екипата и дека на време успеале да се направат промените.
„Ферари минува низ доста потешкотии и на нив е голем притисок во изминатите сезони. Најголемиот проблем е што секогаш го имаат тој притисок и чувствуваат дека се должни на победа. Во таквите ситуациии најчесто се јавува проблем“, истакна Маса.