Махрез сепак ќе го добие посакуваното

Алжирскиот фудбалер, Ријад Махрез веројатно по крајот на сезоната ќе ги напушти редовите на Лестер Сити.

Негов нов тим веројатно ќе биде Манчестер Сити кој го посакуваше и во јанурскиот преоден рок, но поради високите барања на раководството на „лисиците“ трансферот не се реализира.

Сепак, англиските медиуми тврдат дека до трансфер веројатно ќе се дојде во летниот преоден рок и Махрез така ќе го исполни својот сон и конечно ќе потпише за Сити.

Лестер исто така би требало добро да заработи на овој трансфер, а во јавноста се споемнува сума од околу 60 милиони фунти.