„Меси докажува секој ден дека е најдобар“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Барселона претходниот викенд ја победија Севиља, а јунак повторно беше Лионел Меси. Аргентинецот во победата на Барселона од 2:1 постигна 1 гол, а исто така имаше и асистенција за Луис Суарез.

    По денешниот тренинг младиот фудбалер на Барселона, Денис Суарез изјави дека му е чест што има можност да игра со Меси.

    „Тој е неверојатен. Секој ден докажува дека е најдобар фудбалер во светот. Изненаден сум колку мотив има и желба за игра, иако веќе освои се што можеше да се освои со Барселона. Тој не сака да губи и тоа ми се допаѓа. Чест ми е што играм со него.“

    „Многумина мислат дека Меси мисли дека е најголема ѕвезда во тимот, но тоа воопшто не е така. Ме изненади со својот пристап бидејќи се обидува на младите фудбалери да им помогне.“