Шкупи потпиша со фудбалер од третата швајцарска лига

Фудбалскиот клуб Шкупи продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, овојпат со ангажман на младиот Ардит Дестани.

Како што информира клубот од Чаир, станува збор за 21-годишен напаѓач кој игра на левото крило и доаѓа од редовите на швајцарскиот клуб Парадисо, кој се натпреварува во третата швајцарска лига.

И покрај тоа што Дестани доаѓа од пониска фудбалска лига, раководството на Шкупи верува дека со неговиот младински потенцијал и развојна перспектива ќе внесе свежина во тимот.

Фото: FC Shkupi