Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси привлекува големо внимание каде и да се појави. Тој претходните неколку дена е со неговата репрезентација во Русија, каде што ги чека пријателски меч против домаќинот на Светското првенство.
Голем број на навивачи дошле да се поздрават со Меси, а интересна ситуација се случила во хотелот во кој биле сместени фудбалерите на Аргентина.
Екипата ја посетил и фудбалерот на Зенит, Себастијан Дриуси. Овој Аргентинец во текот на летото дојде од Ривер Плата за 15 милиони евра, а средбата со Меси ќе ја памти засекогаш.
Иако тие се знаат од претходно, Меси не го препознал и застанал да се фотографија со него, сметајќи дека е еден од низата навивачи.
Грешката ја открил дури откако Себастија ја објавил својата фотографија на Инстаграм, па откако сфатил јавно се извинил и прокоментирал: „Се чуствувам многу лошо што не го препозанв, бидејќи се познаваме од порано. Кога праша да се фотографираме, мислев дека е само еден од навивачите кој чека за фотографија. Сфатив дека погрешив и подоцна му се извинив“, рече Меси. Навистина ретко виденоа ситуација во светот на фудбалот.