Металург ја забележа првата победа во Лигата на Шампионите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимот на Металург ги прокнижи првите бодови во најелитното ракометно натпреварување на стариот континент откако со 28:27 славеше против Спортинг Лисабон.

Металург настапи со најмладиот состав во досегашниот тек на сезоната, но тоа не претставуваше проблем за да се совлада гостинот од Португалија.

Натпреварот започна доста израмнето,  а од 12. минута Металург го презеде водството и не го испушти до самиот крај. На полувреме избраниците на Червар заминаа со четири голови разлика.

Вака беше се до 52. минута кога Спортинг успеа да се доближи до минус еден, но сепак гостите немаа сили ниту за реми и бодовите останаа во Скопје.

Одличен на голот на Металург беше Арсиќ кој собра 12 интервенции, додека најпрецизен беше Филип Кузмановски кој постигна шест погодоци.