Мејведер доби жестока казна зашто учествувал во светска измама!

Боксерот Флојд Мејведер добил голема парична казна, поради тоа што не открил дека му било платено за промоција на криптовалута.

„Ројтерс“ утринава пишува дека Американската комисија за хартии од вредност и берза го казни Мејведер со 767.600 долари.

Агенцијата во текот на неделата објави дека е забележан пораст меѓу познатите лица, кои ги промовираат криптовалутите за 1.000 долари по објава, а не откриваат дека и самите инвестирале во криптовалутата.