МЗТ во драматична завршница ја падна на колена Мега Лекс


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ го победија Мега Лекс со 75:74 во натпревар во АБА.

Гостите започнаа подобро во натпреварот, 2:7. МЗТ со серија од шест поени стигна до првото водство на натпреварот, 8:7. Кошаркарите на МЗТ после првите десет минути игра беа подобри, 23:21.

Домашните се разиграа на почетокот на втората четвртина, 31:24. Првата двоцифрена предност македонскиот клуб ја имаше пред крајот на првото полувреме кога Дреновац погоди тројка за 42:31. На полувреме МЗТ имаше водство од 10 поени, 44:34.

МЗТ ја одржуваше предноста во третата четвртина и во последната четвртина од натпреварот влегоа со предност од 12 поени, 68:56.

Српскиот клуб направи серија од 12:0 во четвртата четвртина за 71:69. Клоф ја прекина големата серија на Мега Лекс четири минути пред крајот на натпреварот, 73:69. Минута пред крајот на натпреварот Чанчар погоди тројка за водство на Мега, 73:74. Клоф и Темс постигнаа по едно слободно фрлање и му донесоа водство на МЗТ, 75:74. Мега Лекс пропушти два напади за победа и на крајот победи МЗТ.

Скот со 17 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ. Клоф постигна 15, Дреновац 12, а Лалиќ 10 поени. Спасојевиќ кај Мега Лекс беше најефикасен со 14 поени.