Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Милан го промовираше своето прво зимско засилување.
Голманот Марко Сторари е нов член на Милан, официјално потврди и клубот од Сан Сиро.
Сторари во Милан дојде од Каљари за кој брани од лето 2016 година кога го напушти Јувентус.
Сепак, тоа што е посебно интересно во овој момент е фактот дека Милан прв пат го доведе Сторари пред точно 10 години.
Имено, на 17 јануари 2007 година Милан го доведе Сторари од Месина за 1.2 милиони евра да биде резервен голман на легендарниот Дида.
Во својот прв мандат во Милан, Сторари од 2007 до 2010 година бранеше на само 10 мечеви, поради тоа што воглавно одеше на позајмици, во Леванте, Каљари и Фиорентина.
Подоцна дојде во Јувентус да биде замена за Џанлуиџи Буфон, а за Јувентус од 2010 до 2015 година бранеше 43 пати.
Сторари во Милан ќе биде замена за незаменливиот Џанлуиџи Донарума.