Милан има план за големо засилување од Рим!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Росонерите се „фрлија“ на работа.

Фудбалскиот клуб Милан, на лето ќе проба да донесе еден од најдобрите играчи на Лацио.

Милан тргна во потера за Кеита Балде, на кој ќе му понуди годишна плата од 2,2 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Балде има договор со Лацио до лето 2018 година, па така влегува во својата последна сезона, меѓутоа првиот човек на клубот Клаудио Лотито не сака да го продаде под 20 милиони евра.

Кеита Балде има 22 години и пред него е сигурно голема кариера во Серија А, а и можеби во некоја друга лига. Тоа го докажа со неворјатен хет-трик против Палермо во интервал од 6 минути.