Милан испрати понуда до Белоти, но Торино не сака да слушне!

Италијанскиот напаѓач Андреа Белоти минатата сезона на себеси привлече големо внимание од европските гиганти по одличната сезона во Торино.

Белоти стана најважен играч на Торино, а минатата недела ги воодушеви фановите со своите игрчи. Сега има многу лоша сезона, но и покрај интересната понуда на Милан, Торино не сака да го пушти.

Милан испратил 50 милиони евра и Патрик Кутроне за Белоти, но неговиот клуб не сакал ниту да слушне за продажба на својот напаѓач.

Иако оваа понуда е примамлива, сепак, од Торино порачале дека Милан мора многу повеќе да се потруди ако сака да го ангажира Белоти летово.