Миленковиќ на мета на европските великани, еве што кажува околу тоа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативецот на Србија, Никола Миленковиќ од почетокот на сезоната го живее својот сон- покрај тоа што е во стартниот состав на Фиорентина, сега е и стандарден член на
дефанзивната четворка на Орлите.

Многу европски клубови фрлија око на него уште минатиот јануари, а најголемо внимание привлече за време на Мундијалот во Русија.

Манчестер Јунајтед, Сити, Атлетико Мадрид и Јувентус се само некои од клубовите кои ја следат играта на поранешниот фудбалер на Партизан, но тој засега смета дека е најдобро да остане во Фиорентина.

,,Среќен сум овде и воодушевен што играм стандардно. Играм секој натпревар од почетокот на сезоната и сакам да продолжам така бидејќи се што сакам е да играм. Се надевам ќе продолжам во овој ритам.”

Изгледа дека трансфер нема да се случи оваа сезона.