Мислите дека е стар? Роналдо со неверојатни резултати на медицинските прегледи

Јувентус ова лето го донесе Кристијано Роналдо за рекордна сума од 105 милиони фунти, што според многумина беше преголема сума за фудбалер кој има 33 години, па макар тоа бил и Роналдо.

Сепак, во Јувентус знаеја што прават и всушност донесоа фудбалер кој има биолошка структура на 20 годишник. Во своето тело, Роналдо има само седум проценти масти, а половина од неговото тело е со мускулна маса, што е утврдено и на медицинските прегледи. Фудбалерите обично имаат околу 10 или 11% масти во телото, додека нивната мускулна маса најчесто не надминува над 46%. Роналдо е исклучок.

Многу фудбалери на 33 години размислуваат за крај на кариерите, но за очекување е Роналдо да игра на високо ниво и во следните три па можеби и четири сезони.