Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот 21-годишен Финец Џоел Похјанпало до оваа сезона беше познат само кај ретките фудбалски фанови.
Напаѓачот на Баер Леверкузен на стартот на сезоната буквално експлодира и се чини дека ја добивме новата ѕвезда на германското првенство.
Похјанпало во првите две кола постигна дури четири погодоци, а импресивно делува податокот дека во два натпревари помина само 32 минути на теренот.
Тоа значи дека Похјанпало во просек постигнува гол на секои осум минути, што е навистина неверојатно.
Финскиот репрезентативец првиот гол за Баер го постигна во дуелот од првото коло против Мехенгладбах во 79 минута после што во игра влезе минута пред тоа, а во победата над Хамбург постигна хет-трик. Похјанпало во 72 минута влезе во игра наместо Мехмеди, а постигна хет-трик во 79, 91 и 94 минута и сам донесе на Аптекарите голем пресврт и победа од 3:1.
Овој 21-годишен во Бундеслигата сеуште е без промашување бидејќи вкупно испрати четири удари кон голот и секој пат беше прецизен.
Џоел Похјанпало во Баер Леверкузен стигна уште во 2013 година од Хелсинки, а последните две години ги помина на позајмица во Фортуна Диселдорф. Кој знае, ако Чичарито не се повредеше, можеби Похјанпало никогаш да не добиеше вистинска шанса во тимот од Бај Арена, а на крајот испадна идеално.