„Можно е да останам во странство“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Голманот Џо Харт откри дека после што ќе заврши позајмицата во Торино може да остане во странство, пред да се врати во Манчестер Сити, бидејќи смета дека во матичниот клуб е вишок.

Англискиот голман пред почетокот на оваа сезона го напушти Сити бидејќи Пеп Гвардиола бе смета на него.

Шпанскиот стручнак не се откажува од тоа дека Харт не му треба, па така Сити веројатно ќе го продаде овој голман на лето.

Харт е свесен за ситуацијата во која се наоѓа и смета дека деновите во Сити му се одбројани.

„Би рекол дека сум вишок во овој момент во својот матичен клуб. Не мислам дека ситуацијата ќе се промени, морам да бидам реален. Го сакам тој клуб и секогаш зборував дека ќе бидам таму се додека ме сакаат, но секогаш бев внимателен додека тоа го зборував бидејќи знаев дека во големите клубови работите брзо се менуваат“, рече Харт во интервју за ББС.

Харт рече дека знае дека нема да му се допадне на секој менаџер, како и дека нема секој да го става во тимот, но и дека деловната страна од фудбалот која ја запозна и повеќе не ја сфаќа лично.

„Ако не добиваш шанса, сакам да заминам некаде каде што ќе добивам“, јасен е Харт.

Овој 29-годишен голман призна дека не чувствува анимозитет кон Гвардиола и знае дека Пеп го направи тоа што мисли дека е исправно.

„Не го направи тоа за да ми го уништи животот, веќе мислеше дека тоа за него како менаџер е најдобро со цел да победува“, додаде.

Харт откри дека внимателно ја следи Премиер лигата и дека сака да игра во Англија, но клучно му е да брани во континуитет.

Интерес да го ангажираат Харт веќе покажаа многу англиски тимови, а во борбата се вклучи и Торино кој сака да го откупи неговиот договор.