Моментот кога на навивачите на ПСЖ им „замрзна крвта“ (видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


ПСЖ вчера на паркот на принцовите со 2-0 го совлата тимот на Стразбур и дојде до пласман во осмина финалето на Купот на Франција.

Сепак, домашните навивачи со многу грижи го напуштија стадионот, затоа што Нејмар се здоби со незгодна повреда.

Одличниот Бразилец во второто полувреме го повреди зглобот на десната нога, па не можеше да го продолжи натпреварот.

Нејмар го напушти теренот во солзи, а сега навивачите на ПСЖ очекуваат информации околу тежината на неговата повреда.