Монако даде 20 милиони евра за 16 годишен соиграч на Пандев


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Монако потврди дека нов играч на клубот е Пиетро Пелегри кој доаѓа од редовите на Џенова за 17.5 милиони фунти.

16 годишниот млад репрезентативец на Италија беше поврзуван со трансфер во Јувентус, но се реши кариерата да ја продолжи во редовите на Монако каде му ветиле место во првиот тим, нешто што во Јувентус веднаш не можеле да му го ветат.

Од Монако го продадоа Гуидо Кариљо на Саутемптон во текот на вчерашниот ден и во 16 годишниот фудбалер веднаш пронајдоа замена за него.