Мончи не размислува многу: За Рома би направил и пакт со „Ѓаволот“


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Ако некој знае каде да пронајте млади и талентирани играчи, тогаш тоа е секако Мончи.

Директорот на Рома веќе е подготвен за следното летно меркато, а особено му се допадна она што го виде во Амстердам.

Ајакс ги опседнуваат најголемите европски клубови бидејќи знаат дека таму секогаш можат да најдат се што им е потребно, а Мончи уредно прибележа некои имиња.

Прво Матис де Лихт, но прилично е јасно дека „Волчицата“ тешко дека ќе може да ја победа конкуренцијата како Барселона, Сити и Јувентус.

Втората желба е онаа старата, во прашање е Хаким Зијех кој изминатото лето требаше да пристигне во Рим, но целата работа ја искомплицира Мароканецот кој остана во Холандија.

Реална мета е и Дони ван де Бек, 21-годишниот играч за врска, каде имаат голема предност во видот на Мино Раиола кој го застапува.

Супер-агентот е во фантастични односи со Шпанците и тоа би можело да биде адут за Рома во овие преговори.