Мура презентиран во Тотенхем

Тотенхем го комплетираше трансферот на Лукас Мура од ПСЖ кој во Лондон стигнува за сума од 25 милиони фунти.

Бразилецот со „петлите“ се обврза на договор со времетраење од пет и пол години и е прво зимско засилување по Деле Али кој пристигна во Тотенхем во јануари 2015 година.

„Пресреќен сум. Ова е ново поглавје во мојот живот, нов предизвик за мене. Се приклучив на голем клуб со големи играчи и со нетрпение очекувам да играм и да помогнам на тимот. Може да играм и во Лигата на шампионите што е голема цел за мене“- коментираше Мура за време на презентацијата.