Мурињо во Подгорица поради репрезентативецот на Србија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мурињо, наводно утре ќе присуствува на натпреварот помеѓу репрезентациите на Црна Гора и Србија во Подгорица.

Специјалниот бара јануарски засилувања за Јунајтед, а една од желбите му е дефанзиецот на Фиорентинаи репрезентативец на Србија, Никола Миленковиќ.

Мурињо ги слушнал многу пофалби за 20 годишниот фудбалер. Верува дека тој би можел да му ги реши проблемите во одбраната на Јунајтед и одлучил сам да се увери во неговиоте квалитети, присуствувајќи на мечот во Подгорица.

Миленковиќ е стандарден член на Фиорентина оваа сезона. Неговите настапи се навистина одлични и не е никакво чудо што Јунајтед го сака во своите редови.

Исто така, покрај Миленковиќ, Мурињо ќе го следи и везњакот на Лацио, Милинковиќ-Савиќ кој од поодамна се поврзува со преминување на Олд Трафорд.

Средбата Црна Гора -Србија е утре од 20.45.