Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е многу задоволен што левиот бек на екипата Лук Шо остана во клубот.
Шо вчера го продолжи договорот со клубот на пет години, а Мурињо после тоа го пофали, кажувајќи дека работи напорно и дека го заслужил овој ден.
„Лук го заслужи овој договор. Секогаш многу работи и не престана да верува во себе. Сеуште е млад и продолжува да се развива. Треба да биде горд на себе“, рече Мурињо и продолджи:
„Драго ми е што задржавме млад и талентиран англиски фудбалер со одлична иднина“.
Инаку, некогашниот лев бек на Саутепмтон со новиот договор ќе заработува 50% повеќе пари отколку порано.