Мурињо: Мбапе? Зошто да говориме околу тоа што ќе биде за пет или десет години?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Килијан Мбапе за кратко време израсна во голема ѕвезда, а се чини дека стекна и еден специјален почитувач – Жозе Мурињо.

Португалскиот стратег во својот последен разговор за beIN Sports јасно стави до знаеше што мисли за квалитетите на младиот Французин за кој верува дека во наредните години ќе биде најдобар фудалер во светот.

Негошаниот тренер на Јунајтед, Реал, Интер и Челси, смета дека Мбапе во моментот има најголема вредност во светот на фудбалот.

„Најскап играч во светот…Погледнете ги неговите години. Меси и Роналдо имаат повеќе од 30, Нејмар е 27…Во економска смисла годините се важни и мислам дека е играч од кој може најмногу да се профитира, а ако говориме за потенцијален трансфер тогаш тој е најскап во светот“, порача Жозе Мурињо.