Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо истакна дека нема да ја заврши менаџерската кариера во Манчестер Јунајтед затоа што има желба за нови работи во иднина.
Мурињо во моментов ја одработува втората сезона од тригодишниот договор со клубот од „Олд Трафорд“.
54 годишниот менаџер претходно истакна дека би сакал да биде селектор на португалската фудбалска репрезентација, а исто така во интервју за француска телевизија призна дека ПСЖ е специјален тим.
„Она што можам да го кажам е дека јас сум менаџер со амбиција, со желби за нови работи…Сигурен сум дека нема да ја завршам својата кариера во Манчестер Јунајтед“- коментираше Мурињо за „Телефут“.